(Галерија) Брена диктира мода, три пати се пресоблече на свадбата

Свадбата на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ и денес е главна тема во српските медиуми. Освен што пишуваат за младенците, церемонијата и гостите, медиумите посветија внимание ѝ на стилот на Лепа Брена. Таа на свадбата се преоблече три пати, а стилистите и модните новинари го пофалија секој нејзин избор. Брена имаше различна гардероба за приемот во нејзиниот дом, за венчавката во црква и за свадбата. „Модна икона“ и „Дама со стил“ се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Стилистите ѝ замерија што за приемот во нејзиниот дом избрала бели панталони и кошула. Иако комбинацијата е модерна, велат, белата е боја само за невестата. Додаваат дека и Борка, мајката на Александра и на приемот и венчавката во црква беше облечена во фустан во валкано-бела боја.

За церемонијата во црква Брена носеше виолетов фустан што ја следи линијата на телото и шешир со виолетови пердуви. Овој стил медиумите го нарекоа „кралски“, оти пејачката беше елегантна, облечена како членовите на кралското семејство на свадбата на Меган и Хари минатиот месец. Некои го споредија нејзиниот изглед со оној на тенисерката Серена Вилијамс на кралската венчавка.

За свадбата Брена избра шарен костум, модерен и впечатлив. Коментарите на стилистите се дека очекувале гламурозен фустан од фолк-ѕвездата, но дека панталоните-цевка се тренди и дека направила одличен избор.

Scroll to Top