Модната куќа „Версаче“ ја претстави новата колекција за сезоната пролет/лето 2019. Главна ѕвезда на ревијата беше Кендал Џенер која по подолго време се врати на модните писти.
Новата колекција се состои од модели за мажи и за жени, шарени костуми и кошули, маици со натписи, ремени со големи токи и големи обетки. Колекцијата е полна со неонски бои, цветни дезени и на секое парче облека го има препознатливото лого на „Версаче“.