Ѕвездата на серијата „Сексот и градот“, Синтија Никсон, на својот инстаграм-профил објави фотографија од дипломирањето на нејзиниот 21-годишен син Семјуел. Во пораката таа откри дека Семјуел е трансродово лице. Актерката напиша „Горда сум на мојот син кој дипломираше месецов“ и со хаштаг го означи светскиот ден на трансродните лица за да ја поддржи нивната борба против дискриминацијата во општеството.
Семјуел, кој е роден како Саманта, од раното детство се однесувал како момче. Тој не го сменил полот, но се чувствувал како маж, па и го живее животот на тој начин, открила популарната Миранда. Таа досега не зборувала јавно за својот син, кој го добила од бракот со поранешниот сопруг Дени Мозес. Со Дени го има и 15-годишниот син Чарлс.
Пред десетина години Синтија призна дека е лезбејка. Таа во 2012 година се венча со активистката за човекови права Кристина Марињони. Со неа го има синот Макс, кој е зачнат од донатор на сперма.