Мајкл Џексон почина на 25 јуни 2009 година поради срцев удар, само десет дена пред еден настап, како дел од турнејата во лондонската О2 арена, за која беа распродадени сите 50 концерти. По повод годишнината од неговата смрт, Наоми Кембел јавно се огласи објавувајќи заедничка фотографија од снимањето на спотот за хитот на Мајкл Џексон.
„Не можам да поверувам дека поминаа 9 години. Ми недостигаш. Те сакам. Засекогаш ќе бидеш во моето срце! Ќе живееш долго. Мајкл Џексон. Кралот на попот. Почивај во мир“ – напиша Наоми на „Инстаграм“.
Во 1992 година Наоми беше во видеозаписот на Мајкл Џексон за In the closet