Холивудската ѕвезда Гвинет Палтроу е на летување во Италија со свршеникот Бред Фелчак и со нејзините деца. Семејството летува на јахта, но папараците успеаја да ја сликаат познатата актерка во бикини. Гвинет на 45 години изгледа совршено, пишуваат американските таблоиди, ама како и повеќето жени има целулит на нозете.
Палтроу не е од оние што сакаат да изгледаат како тинејџерки и во петтата деценија. Таа честопати се појавува без шминка, со несредена коса и изјавува дека и покрај професијата е само обична жена и мајка на две деца, па затоа и се однесува така.