Никол Кидман ја откри тајната на среќниот брак

Славната актерка Никол Кидман и кантри-музичарот Кит Урбан се во среќен брак веќе 12 години. Тие деновиве ја прославија годишнината од бракот. По нејзиниот пропаднат брак со актерот Том Круз, актерката ја пронајде среќата со Кит, со кого има две ќерки.

Никол Кидман ја откри тајната на среќен брак, а тоа е  правилото на кое таа и сопругот се придржуваат, пренесува „Дејли мејл“.

Ѕвездата на филмот „Мулен руж“ рекла дека тие никогаш не си разменувале пораки. Се венчаа во 2006 година, само една година откако се запознале на гала вечер во Лос Анџелес.

Никол, која моментално ја снима втората сезона на ТВ-серијата „Големи, мали лаги“, рекла:

– Никогаш не сме разменувале пораки по телефон. Зборуваме многу на телефон и преку видеоповик, но никогаш не се допишуваме бидејќи сметам дека пораката може погрешно да се разбере, тоа може да доведе до искривена интерпретација и бучава во комуникацијата – открила холивудската актерка. – Ми се случувало два пати да прочитам иста порака и да помислам што ли сакаше со ова да каже, а потоа му пишувам што значи пораката и тогаш се откажавме. Едноставно не го сакам тоа со сопругот”.

Никол тврди дека и двајцата преферираат да зборуваат на телефон.

– Ние сакаме глас на глас, кожа на кожа, тоа секогаш го кажуваме – рекла Кидман.

Тие се венчаа во 2006 година, две години подоцна ја добија ќерката Сандеј Роуз, а во 2010 година Фејт Маргарет.

Scroll to Top