Голем број луѓе имаат проблем со испуканите петици. Тие изгледаат грдо и непривлечно, а можат да бидат и многу болни. За да се ослободите од мртвата кожа, самите подгответе смеса, ставете ја на петиците и оставете ја да остои преку ноќ. Потребни ви се 10 таблети аспирин или андол и 250 милилити ракија или медицински алкохол од 70 проценти.
Издробете ги таблетите и измешајте со ракијата. Оставете ја смесата да отстои 1- 2 часа, а потоа пред спиење со газа нанесете ја на испуканите петици. Обложете ги нозете со најлонска фолија и оставете ги до наредното утро.