Неколку месеци пред свадбата Александра Пријовиќ ги закажала настапите за летниот период со моминското презиме. Но, Филип од неа барал да го земе неговото презиме и да настапува како Александра Живојиновиќ.
Двојката долго време разговарала на темата за презимето. Додека Александра инсистирала да настапува како Пријовиќ, Филип не попуштал.
„Сè започна кога кога требаше да настапува на еден сплав. Поради обврските за свадбата не разговараа на таа тема. Филип имаше желба на првиот настап по свадбата Александра да се појави како Живојиновиќ. Александра мислеше дека се шегува, па ѝ беше симпатично. Но, откако Филип неколку дена повторуваше дека сака да настапува како негова сопруга, Александра сфати дека работата е сериозна“, рекол извор за српски „Ало“ и додава дека промената на презимето може да придонесе Александра да ја изгуби публиката во странство.
„Разговарав со Филип и сум на страната на Александра. Тој не е свесен колку тоа може да влијае на кариерата на неговата сопруга. Александра го обожава своето презиме, но соработниците ја советуваа да размисли дали би било добро да настапува како Живојиновиќ“, рекол изворот и додава дека Филип разговарал со неколку сопственици на клубови за на плакатите за настапите да го променат презимето од Пријовиќ во Живојиновиќ.