Популарниот рапер и сопруг на Ким Кардашијан, Канје Вест, за „Њујорк тајмс“ признал дека размислувал да се самоубие. Исплашен дека неговата сопруга ќе го остави поради тоа што сакал да се убие, им се јавил на сите членови на нејзиното семејство за да се увери дека Ким нема да побара развод. Канје додал дека се кае поради својата избрзана и невнимателна изјава во медиумите, но рекол и дека мислите за самоубиство не го напуштаат и дека ќе побара помош.
„Размислувам за самоубиство цело време. За мене тоа секогаш е опција. Ама токму тоа размислување ме спасува да не направам ништо екстремно“, рекол тој.
Во 2016 година Вест доживеа нервен слом. Тој беше сместен во болница, а медиумите тогаш пишуваа дека боледува од параноја и дека не им дозволувал ни докторите да му се доближат.