Ќерка на Химлер работела за германската тајна служба

Гудрун Брувиц, ќерка на еден од најозлогласените нацисти, Хајнрих Химлер, две години работела за германската разузнавачка служба БНД. Агенцијата потврдила дека Гурдун била нивни член од 1961 до 1963 година, но под друго име.

Бурвиц е ќерка на архитектот на Холокаустот. И самата била нацист до смрт, пишува „Индепендент“. Нејзината работа за западногерманската разузнавчка служба ја открил весникот „Билд“, во време кога е откриено дека Бурвиц починала во 88 година.

Химлер бил на чело на СС единицата на Адолф Хитлер која е најодговорна за убиството на шест милиони Евреи, Роми и хомосексуалци. Кратко пред крајот на војната, тој понудил да ја предаде цела Германија на сојузниците, ако го поштедат од судење како нацистички водач. Во 1945 година Химлер се самоубил со цијанид откако станал заробеник на британската армија.

Неговата ќерка до крајот на животот го порекнувала Холокаустот и неговото постоење.

 

Scroll to Top