Британскиот пејач Ед Ширан мож да добие казна од 100 милиони долари за плагијаторство откако компанијата Structured Asset Sales (SAS), која поседува дел од правата на песната на Марвин Геј, од 1973, со наслов „Let’s get it on“, обвини дека Британецот во својот хит, „Thinking Out Loud“, користел делови од композицијата на Геј.
Засега Ширан не се огласил по ова обвинување, според кое тој ги „копирал“ мелодијата, ритамот, хармониите, тапаните, рефренот и басот.
Во продолжение, еве ги двете песни.