(Фото) Се омажи Сузана Манчиќ

По 18 години врска, познатата водителка Сузана Манчиќ вчера се омажи со грчкиот банкар Симеон Оцомокос. Вечавката беше во црква на островот Пилион. Манчиќ  изјавила за српските медиуми дека нема да го менува своето презиме и вели дека по церемонијата ќе го сака својот свршеник уште повеќе.

Двојката во последен момент се откажала од потпишување предбрачен договор. „Се подготвивме, но одеднаш нешто му ‘светна’ на Симеон и ми рече дека не ни треба таков договор“.

Иако сакавме да потпишеме предбрачен договор, пред сè заради нашите ќерки, сепак се откажавме од тоа. Во секој случај, мислам дека е право време да се омажам“, изјавила Манчиќ.

Ова ќе биде втор брак на најпознатата југословенска „лото девојка“ која претходно беше мажена со поранешниот тапанар на култната група „Седуммина млади“, со кој има две ќерки.

Scroll to Top