(Фото) Бекамови ја изненадија својата ќерка со пони

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам (43) и неговата сопруга, креаторката Викторија Бекам (44), се во брак дваесет години и заедно имаат четири деца.

Нивната ќерка Харпер наскоро ќе го прослави седмиот роденден, а Дејвид и Викторија веќе ја израдуваа со скап роденденски подарок кој вреди повеќе од 8000 евра.

И двајцата имале оригинална идеја кога станувало збор за роденденското изненадување за малата Харпер.

„Тие решиле да ѝ подарат пони затоа што девојчето почнало со часовите за јавање. Понито ѝ се допаднало и веднаш посакала да го има“, вели извор близок до семејството.

Бекамови овој пат заеднички ја донеле одлуката за роденденскиот подарок, иако во последно време кружат шпекулации дека оваа двојка живее одвоено во Англија.

„Викторија поради стресот е  потемпераментна од кога било претходно, а Дејвид се труди што повеќе време да мине надвор од куќата. И двајцата живеат во несреќен брак“, вели извор за магазинот In Touch Weekley.

Изворот тврди дека Викторија и покрај сите проблеми, се труди бракот да го претстави во колку е можно подобро светло, а на социјалните мрежи изгледа како сè да е во најдобар ред.

Harper loves her daddy 💕💕💕

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

Двојката во јули требаше да прослави 19-годишнина од бракот, но нивниот менаџер тврди дека приказните за брачните проблеми се измислени и дека тие не живеат одвоено.

 

 

 

 

Scroll to Top