Опра Винфри: Претседателската функција ќе ме убие

Американската водителка Опра Винфри потврдила за британски „Вог“ дека нема да се кандидира за претседателските избори во САД во 2020 година, велејќи дека тоа би ја убило.

„Во таа политичка структура, сите лаги, ср**а, ужаси, работи кои се случуваат за кулисите, мислам дека не би можела да постојам. Не би можела да го работам тоа. Тоа би ме убило“, изјавила Винфри за Вог.

Винфри со ваквата изјава, како што наведува АП, ги прекинала шпекулациите за тоа дали ќе влезе во трката за Белата куќа, кои настанале по нејзиниот говор на доделувањето на Златниот глобус.

 

 

Scroll to Top