Поранешната актерка Меган Маркл (36) својот холивудски живот го замени со строги кралски правила на однесување. Тоа најмногу се одразува на нејзиниот моден стил.
Војвотката од Сасекс повеќе не смее да носи рамни сандали без потпетици затоа што кралицата Елизабета (92) не ги поднесува, пишува британски „Сан“.
„Елизабета навистина мрази рамни сандали и тоа сите во семејството го знаат. Не се елегантни и не се префинети“, изјавил извор близок до кралското семејство за порталот „Венити фер“. Сепак, кога не е присутна кралицата, членовите на семејството може да се одлучат за полежерна облека.
Меган неодамна на едно поло-натпреварување, каде што кралицата не беше присутна, носела рамни сандали со потписот на Сара Флинт.
Тој модел на сандали за само неколку дена бил распродаден за цена од 185 фунти во британските продавници затоа што сите сакале да носат чевли какви што носи војвотката.
Со тоа што не смее да носи рамни потпетици, Меган како и нејзината јатрва Кејт Мидлтон, (36) никогаш не смее да има лакирани нокти во боја. Единствено, безбојниот лак е дозволен. Дека Маркл сѐ уште учи да биде војвотка, се гледа од нејзиното последно појавување во Бакингемската палата. Меган се обидела да го држи својот сопруг Хари за рака, нешто што на принцот му пречело. Тој веднаш се дистанцирал од неа.
„Кралицата и сопругот во јавност ретко се држат за рака. Тоа е непишано правило што важи и за сите други двојки во кралското семејство“, објаснува експертот за говор на тело.
Двојката пред венчавката во јавноста до неодамна беше забележана прегрната или како се држи за рака. Но, тоа сега не го дозволуваат кралските правила.