Сопругата на актерот Џејсон Стејтам (50), манекенката Роузи Хантингтон Вајтли, набргу ќе излезе со нова колекција долна облека. Сопругата на актерот, кој е познат по акциските филмови, на социјалните мрежи се пофали со црвен градник и гаќи. На тој начин таа ја почна промоцијата на новата линија долна облека. Ваквата промоција им се допаднала на обожавателите, кои во своите коментари напишале дека на неа нема ниту една грешка.
„Твоето тело ми е цел. Ова се одлични фотографии, продолжи со добрата работа“, ѝ напишале фановите на Роузи.
Тие додале дека оваа колекција за долна облека била најдобра и најосвежувачка што некогаш ја виделе. Имало и коментари и прашања за тоа дали некогаш изгледала лошо.
„Џејсон е вистински среќник што те има“, истакнал еден фан во коментарите.
Имало и негативни коментари од типот дека манекенката премногу ослабела и дека такво тело имаат девојките во трето одделение во основните училишта.
Роузи од 2010 година е во врска со Џејсон, а двојката во 2016 година се сврши. Манекенката и актерот го имаат синот Џек Оскар (1), кој се роди во јуни минатата година. Британските медиуми неколку месеци по раѓањето на детето тврдеа дека двојката се венчала затоа што Роузи со свршеничкиот прстен носела уште еден кој потсетувал на венчалниот.
Манекенката и актерот ретко говорат за својот приватен живот, а таа изјавила дека Џејсон ја смее со својата ќелавост. Додала и дека тој дел од неговиот изглед не го гледа како мана.
„Имаме неверојатна врска. Тој има големо влијание во мојот живот“, изјавила Роузи.
Стејтам истакнал дека манекенката е одлична девојка и дека многу се среќни што се заедно. Напомнал и дека јавноста тешко ќе дојде до фотографиите од нивното венчавање, но не открил дали тоа веќе се случило или допрва ќе се случи.
Стејтам е познат по улогите во акциските филмови, а редовно се занимава со вежбање, нешто со кое се фали на социјалните мрежи. Вели дека обожава да тренира борачки вештини затоа што тогаш неговите филмски борби изгледаат поубедливи. Неговата специјалност е боксот, а се занимава и со џиу-џицу, во кој има црн појас.