Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ на својот инстаграм-профил објави слика фотографирана кога имала 15 години.
„Сеќавања… ’88 година… цветак зановетак“, напиша Цеца, цитирајќи стихови од својата прва песна.
Цеца се прослави со песната „Цветак зановетак“ кон крајот на осумдесеттите години, а така се викаше и нејзиниот прв албум. Една од најголемите ѕвезди на Балканот на своите социјални мрежи често споделува фотографии од младоста и од почетоците на својата кариера.
Пејачката на 28 јули ќе одржи концерт во Охрид на „Билјанини извори“. Таа на концертот ќе дојде со приватен авион.