(Видео) Лемурите од ЗOO Скопје го прогнозираа победникот на Светското првенство

Лемурите од скопската Зоолошка градина го прогнозираа победникот на Светското првенство. Постојано слушаме за животни од целиот свет кои предвидуваа победници на светски и европски првенства во фудбал.

Најпознат прогнозер беше октоподот Пол, а неодамна сибирскиот тигар од Зоолошката во Краснојарск го предвиде победникот во полуфиналето на Светското фудбалско првенство.

Во Зоолошката градина Скопје како највесели прогнозери се покажаа лемурите.

Кај овој вид примати владее матријархат, односно главни се женките, па затоа и не е чудно што за светски шампион во фудбал типуваше женка лемур.

Нашата прогнозерка предвиде дека победник на Светското фудбалско првенство ќе биде Хрватска. Дали нејзините прогнози ќе се остварат, останува да видиме в недела.

 

Scroll to Top