Црна Гора им плати на Бекамови да летуваат на Свети Стефан

Славната двојка Викторија и Дејвид Бекам со своите деца веќе пет дена престојуваат во Црна Гора.

Како што дознава „Блиц“ одговорните за нивниот престој во Црна Гора преговарале четири години со семејството Бекам за да дојдат на крајбрежјето и да ја промовираат убавината на оваа земја. За нивното пристигнување издвоени се огромни суми пари.

paparaco_bekam_plaza_show_clip_safe

Цифрата за која семејството Бекам пристигнала во Црна Гора е милионска. Засега официјално никој не открива колку пари се во прашање.

За Викторија и Дејвид ова изгледа сепак ќе биде работно лето, но многумина им завидуваат на луксузот во кој уживаат.

Повикот до семејството Бекам да дојде на јадранското крајбрежје го упатил еден од пријателите, со гаранција дека ќе имаат целосна приватност.

И покрај гаранцијата, нивниот тим испратил список со 28 барања кои мораат да бидат исполнети.

„Во списокот има барања да уживаат како да се на пуст остров, без папараци и фанови. Меѓу другото имало барања и за положбата на лежалките и оддалеченоста на другите лежалки од нивните, специјална исхрана и вода која семејството ја пие, но и проток на кислород во нивните апартмани. На услуга цело време имаат возач и обезбедување кое ги следи од одредено растојание. Погледот од апартманот, звучната изолација и балконот исто така се наоѓаат на тој список. Викторија е одмерена и слабо комуницира со луѓето околу. Таа е иста како онаа која ја гледаме на црвените теписи и тивка, додека Бекам е опуштен“, вели извор близок до семејството Бекамови.

 

 

Scroll to Top