Македонската музичка група „Инструментал бенд“ ја промовираше песната „Очи пуне суза“.
Во спотот во главната улога се појавува учесникот на реалното шоу „Парови“ и гитарист во бендот, Никола Стојановски. Околу него танцуваат манекенки од Белград.
Текстот и аранжманот се дело на Драган Арсенијевиќ Наполеон, кој е и автор на песната.
Видеото се снимаше во студиото „Музичко ателје креативен звук“.