Црвениот кус фустан на Џенифер Лопез го привлече вниманието на јавноста и предизвика бројни коментари на социјалните мрежи. Некои велат дека Џенифер никогаш не била посекси, дека сакаат мускулести нозе како нејзините, а други напишаа дека должината на фустанот е вулгарна и дека тој само ги истакнува нејзините големи облини.
Фотографиите на кои Џенифер оди на вечера со својот партнер Алекс Родригез папараците ги направија пред станот на Џенифер во Њујорк. Глумицата и пејачка го искомбинира фустанот со салонки од Кристијан Лобутин.