Марк Стилитано, најдобриот другар на српскиот тенисер Новак Џоковиќ, кој своевремено бил во врска со Ана Ивановиќ се ожени со руската пејачка и манекенка Инга Кисељева.
Двојката на интимната церемонија во рамки на семејството и пријателите, го изговорија судбоносното „да“, а невестата блескаше во фустан со едноставен крој со црни детали. Младоженецот се одлучил за лежерно бело одело со црни пруги.
Инга е успешна манекенка. Таа е родена во Русија, а поради работата патува низ светот. Марк е вработен во фирма која се занимава со изградба на јахти, авиони и возови, а потекнува од богато семејство.
Иако е роден на остров, Марк официјално е жител на Монте Карло, а на тениската јавност и е познат како неразделен партнер со најдобриот светски тенисер Новак Џоковиќ. Стилитано, иако се води како тенисер, нема изградено успешна кариера. Го нема на АТП листата, па среќата си ја пробал во бизнисот. Засега успешно му оди. Во тениската кариера, според официјалните податоци, најмногу успеал да стигне до 1417 играч на планетата.