Една од најголемите руски банки, ВТБ настојува да го намали уделот на трансакциите во американски долари во земјата, бидејќи локалните жители ја одбираат руската рубља во однос на безвредниот зелен долар.
„Постои една интересна работа која сакам да ја нагласам. Се чини дека на почетокот на оваа година граѓаните помалку се заинтересирани за правење на депозити во долари, или земање на кредити во долари, во споредба со депозитите и заемите во рубљи. Сметаме дека ова е важен чекор за де-доларизацаијата во рускиот финансиски сектор“, изјавил претставикот на ВТБ Ендру Костин, на состанокот во Кремљ со претседателот Владимир Путин.
Според зборовите на Костин, експертите од банката ВТБ, изработиле пакет предлози за понатамошна промоција на рубљите во меѓународните спогодби.
„Мислам дека мораме да создадеме сопствени финансиски алатки. Тоа би послужило како дополнителна заштитна мерка за рускиот финансиски сектор од надворешни шокови и тоа ќе даде нов поттик за негов развој“, додал Костин.
Финансиските алати кои ги споменал Костин се еврообврзниците, акциите и други финансиски деривати кои засега се користат само на Запад.
Русија бара начини на намалување на зависноста од американската валута, откако Вашингтон и неговите сојузници наметнаа санкции против Москва во 2014 година.
Во мај претседателот Путин изјави дека Русија не може повеќе да верува во финансискиот систем кој се базира на доминантниот американски долар, затоа што Америка наметнува еднострани санкции и ги крши правилата на Светската трговска организација (WTO).
Путин додал дека доларскиот монопол е несигурен и опасен за глобалната економија.