Почина ѕвездата од „Третиот камен од Сонцето“ Елмари Вендел

Ѕвездата од серијата „Третиот камен од сонцето“ Елмари Вендел починала на 89 годишна возраст, а нејзиното семејство ја потврдило оваа тажна вест.

Оваа легендарна серија била една од најпопуларните и најгледани речиси во целиот период откако е создадена. Премиерно се емитувала од 1996 до 2001 година на Ен-Би-Си телевизиската мрежа.

Во текот на 139-те епизоди, кои се снимени, љубителите на добриот хумор можеа да уживаат во доживувањата на семејството Соломан, а Елмари во оваа популарна серија ја глумее госпоѓа Дубчек.

Веста за смртта на актерката прилично ги изненади и потресла нејзините колеги.

 

 

Scroll to Top