По само два дена од венчавката со Ведран Чорлука, хрватската евровизиска претставничка Франка Бателиќ не може да закрепне.
Таа на својот „Инстаграм“ стори објави кратка снимка на која покажува во каква состојба се наоѓа.
„Ова се случува кога премногу пееш“, вели Франка, која додала дека никогаш досега не останала без глас.
И додека таа се созема од впечатоците по веселиот викенд, за нејзиниот Ведран работните обврски веќе почнаа. Тој вчера веќе беше во авион на пат за Москва, каде што ќе ја започне новата сезона во клубот „Локомотив“.