По гумените сандали за на плажа, направени во соработка со „Крокс“, а потоа и сандалите на платформа, модниот бренд „Баленсиага“ промовира гумени салонки. Стилистите ги опишуваат како скап летен моден хит, оти еден пар гумени салонки „Баленсиага“ се продаваат од 800 долари нагоре.
Жените во светот се поделени. Некои веќе ги носат, а други споделуваат слики од гумените обувки и ги опишуваат како „најголема навреда за женската нога“.
Модната куќа ги промовираше гумените салонки на Модната недела на висока мода во Париз. Тие се дело на креативниот директор Демна Гвасалиа од Грузија.