Маж од Пожега, Србија, го полил автомобилот со бензин и го запалил откако не го минал техничкиот преглед, пренесуваат српските медиуми. Бидејќи не добил потврда за исправноста на возилото, го запрел на 500 метри од контролниот канал, па го запалил. За пожарот да не ги зафати просториите за технички преглед, дел од вработените го истуркале возилото надвор. Автомобилот марка „дачиа“ е изгасен со итна интервенција на противпожарните служби.
Според измените во законот, од 1 јули во Србија се во сила поригорозни технички прегледи. Најжестоки полемики во јавноста предизвика најавата дека нечисто возило нема да може да го мине техничкиот преглед.