Глумицата Луисана Лопилато стана мајка третпат. Популарната Миа од „Млади бунтовници“ и канадскиот пејач Мајкл Бубле добија ќерка, а ќе се вика Вида (живот на шпански). Веста дека се породила ја објави самата Луисана на „Инстаграм“, кога сподели фотографија од раката на ќерката.
„Како да објаснам дека нашите срца ќе експлодираат од љубов? Нема доволно часови во денот да се размислува за тоа. Му благодарам на Бога што ни го даде овој дар на живот и среќа! Гледањето во нејзините очи е како гледање во самото небо! Те сакаме до бескрај и пошироко. Те чекавме не само за да ја зголемиш нашата фамилија… ни даде светлина, надеж и конечно си и ќе бидеш Живот на нашата душа!“, напиша глумицата покрај фотографијата.
31-годишната Луисана и 42-годишниот Бубле имаат два сина, 4-годишниот Ноа и 2-годишниот Елијас. Минатата година двајцата се повлекоа од јавноста, оти на Ноа му беше дијагностициран рак, но момчето се избори со болеста.