Луис Фиго на одмор во Хрватска

Луис Фиго во друштво на сопругата Хелен Сведин и ќерките Даниела, Мартине и Стела веќе втора година по ред летува во Хрватска.

Поранешниот португалски фудбалер годишниот одмор го мина пловејќи со јахта по Јадранот. Фиго и семејството уживаа во морските води и не излегуваа премногу на копно.

За разлика од минатата година, Португалецот овој пат не ги посети Дубровник, најпопуларниот хрватски остров Хвар и островчињата Ластово и Корнати.

На објавените фотографии на „Инстаграм“ Фиго напиша „Животот е добар кон мене“.

 

 

Scroll to Top