Пејачката Емина Јаховиќ без шминка и со несредена фризура се вози во својот кабриолет во доцните часови. Додека автомобилот е во движење, таа во еден момент станува и танцувајќи на музиката од радиото прави селфи.
Пејачката објави уште една фотографија на социјалните мрежи на која е видно расположена. По разводот од Мустафа Сандал, Емина конечно ужива во животот. Таа се има посветено и на деловните обврски.
Во медиумите претходно се коментираше дека Емина изгубила доста килограми и дека се чувствува лошо. Новинарите пишуваа дека семејството е многу загрижено за неа.