Освен што е кралица на поп музиката, Мадона е мајка на фудбалерот Давид. Поради најмладиот син, кој се прикручи на академијата за млади фудбалери на клубот Бенфика, целото семејство минатата година се пресели во Лисабон.
„Секоја мајка на фудбалер знае дека нема време за многу други работи во животот. Работитее се менуваат од ден во ден. Мечевите се играат секој викенд. Понекогаш се играат во градот, но некогаш не. Никогаш не знаете пред четврток, дали мечевите се играат во сабота или недела. Попладне или подоцна“, вели Мадона во интервју за италијански Vogue. Мадона ја краси насловната во последното издание на магазинот.
„Невозможно е да направите планови. Се чувствуваш како да не си праведна кон другите деца или кон самата себе“, додала таа.
Во Лисабон освен Давид (12), се преселиле и децата Мерси Џејмс (12) и петгодишните Естер и Стела. 21 годишната Лурдес Леон и 17 годишниот Роко Титчие не живеат со неа.
„Научиле португалски низ музиката, танцот, фудбалот и спортот. Односно преку активности со другите. Не само со седење во училница. Така е позабавно и интерактивно“, објаснува Мадона.
Пејачката го подготвува 14 албум на кој работи со музичари кои ги запознала во Португалија. Од своите деца не очекува да одат по нејзините стапки. Освен ако тоа самите не го сакаат.
„Поради мојата работа и патувања низ светот, поради работите на кои работам и местата на кои се наоѓам, моите деца се отворени кон се. Јас сум горда на нив. Многу ми велат дека сигурно сакам синот да ми биде успешен фудбалер, најстарата ќерка танчерка, а Роко сликар. Не. Јас сакам моите деца да бидат одговорни човечки суштества полни со љубов“, изјавила Мадона.
„Сакам да бидат добри луѓе кои кон другите се однесуваат достоинствено и со почит. Без разлика на бојата на кожата, верата и полот. Тоа е најважната работа. Ако случајно станат новиот Пикасо или Кристијано Роналдо, одлично. Тоа е само цреша на врвот на тортата“, изјавила Мадона.
Мадона четвртото најмладо дете го посвоила во Малави во Африка. Минатата година ја отворила првата детска болница, а во пресрет на својот 60 роденден, покренала и кампања за собирање на пари за организација која се грижи за оставените и ранети деца од Малави. Организацијата им овозможува здравствена помош, едукација и поддршка од заедницата.