(Видео) Момент кога родителите ќе те посрамотат

Момчето кое што седеше на трибините на безбол мечот кој се играше во Калифорнија меѓу екипите на „Падрес“ и „Сан Франциско Џајентс“, се најде во незгодна ситуација.

Додека траеше полувремето свиреше песната Get Low од раперот Лил Џон. Песната особено ја развесели неговата мајка. Таа стана и почна да танцува, а се приклучи и таткото на момчето кое седеше до него.

Иако публиката му скандинираше, момчето кое седеше меѓу родителите му беше непријатно, што може да се види и по црвенилото на неговите образи.

 

 

Scroll to Top