Ким Кардашијан со навредлив коментар кон геј популацијата

Откако гостувала во емисијата кај Џими Кимел, драстично ослабениот изглед на Ким Кардашијан повторно стана предмет на интерес во јавноста. Дури и нејзините сестри се најдоа на удар на критика од јавноста, поради нивната сестра и восхитот кои таа го има кон анорексичниот изглед.

Сега и самата Ким успеа да ги налути фановите со само еден коментар. Се почна кога манекенот Тајсон Бекфорд одлучи да го коментира нејзиниот нов изглед и направените пластични операции.

„Жал ми е, не ме интересира. Таа не е реална, докторот погрешил на нејзиниот десен колк“, напишал Тајсон на социјалните мрежи.

Ким не остана должна, а нејзиниот одоговр беше причина за гнев кај многумина нејзини фанови.

„Сестро, сите знаеме што тебе не те интересира“, напишала Ким.

Многумина нејзиниот одговор го сватиле како импликација дека Тајсон е геј и заклучиле дека Ким поради тоа го исмева.

„Ким, ја доведуваш во прашање сексуалноста на Тајсон, како да се биде геј е нешто лошо. Подобро ти е да се грижиш околу менталното здравје на својот сопруг, отколку околу тоа дали некој е геј. Оваа жена нема срам“, беше еден од коментарите.

„Ким Кардашијан е ѓубре. Ми се допаѓаше се додека не заклучи дека да се биде геј е причина за некој да се срамат. Не би требала да имплицира дали некој е геј, само затоа што на некого не и се допаѓа нејзиното тело или облека. Девојко, немој тоа да го правиш, затоа што кај тебе се вработени голем број на геј стилисти“, напишал друг фан.

 

 

 

 

Scroll to Top