Ведран Чорлука и неговата сопруга Франка Бателиќ се во Москва, зардаи обврските на Ведран кон неговиот фудбалски клуб.
Евровизиската претставничка на Хрватска, Бранка, објави фотографија од сопругот и неговото куче. Чорлука спие во прегратка на својот миленик Оскар. Додека тој лежи на каучот покрај кучето, Бателиќ прави селфи со чаша во раката.
„Понеделник со Оскар“, се пофали Чорлука на видеото на кое со стапалото го мази кучето.
Франка и Ведран го водат Оскар секаде со себе и често го нарекуваат свое бебенце. Фудбалерот дури има и тетоважа што ја посветил на својот миленик.
„Обожавам деца, но немам план и програма. Мислам дека животот не треба по тоа прашање да се планира“, вели пејачката.
Франка и Ведран се венчаа на 21 јули по шестгодишна врска. Двојката немаше време за меден месец затоа што фудбалерот по свадбата морал да се врати на обврските во московскиот клуб Локомотив.