Русите се вљубија во Колинда

По Светското фудбалско првенство во Русија, Колинда Грабар Китаровиќ стана вистинска ѕвезда во таа земја.

Руското издание на популарниот магазин Hello објави приказна за Колинда со фотографија од прославата во хрватски дрес во ВИП-ложата. „Ах, каква женска!“ стои во насловот на текстот, додека под него пишува дека Колинда е една од оние кои ќе го променат светот.

„За време на Светското фудбалско првенство Колинда стана мегаѕвезда, иако сè што направи е тоа што навиваше за својата земја“, пишуваат Русите.

„И можеби Франција го освои првенството, но хрватската претседателка ги освои срцата“, заклучува авторот на текстот.

Дека Колинда е апсолутен хит во Русија потврди и Марија Григориан, Русинка која живее во Загреб.

„Мојот брачен другар, кој е руски претприемач, толку се заљуби во неа што вчера ми рече дека би го заменил Путин за неа. Русинките се обидуваат да го копираат нејзиниот стил, а Русите велат дека е многу згодна и секси жена. Овде апсолутно сите знаат која е таа и сите се воодушевени од неа. Колинда не е стар, досаден полицаец, како повеќето претседатели“, вели Григориан.

Колинда вчера ги освои и Британците со својот настап во утринското шоу Good Morning, Britain.

„Ми се допадна, таа е силна, паметна, атрактивна и сензибилна. Можеби и другите лидери би требало да ја следат“, бил еден од коментарите.

 

 

Scroll to Top