Бен Афлек се подготвува за втор брак

Холивудскиот актер Бен Афлек е подготвен за втор брак. Бен во 2016 година се разведе од сопругата Џенифер Гарнер, неколку дена по прославата на 10-годишнината од бракот. Наводно Џенифер, со која актерот има три деца, немала повеќе разбирање за неговите авантури, но и за зависноста од алкохолот и коцкањето.

Откако го оставила, актерот се пријавил на третман за одвикнување, но никој не можел со сигурност да тврди дека се решил од пороците. Се чини дека нашол некој кој знае како треба да се решат проблемите. Се работи за русокосата Линдзи Шукис, продуцентката од шоуто Saturday Night Live, со која почнал врска во 2017 година.

Всушност се шушка дека Линдзи со години му била љубовница, а по разводот со Џенифер повеќе ништо не застанало на патот на нивната среќа.

„И двете ја почнале врската пред три години и тоа не било само површно гледање, туку вистинска љубовна врска. Си испраќале романтични пораки и се гледале речиси секојдневно“, открива за „Дејли мејл“ извор близок до актерката.

А дека Линдзи дефинитивно не била само авантура, докажува и фактот дека и двајцата се одлучиле за нов чекор во врската, а тоа е заедничко живеење.

38-годишната Линдзи пред Бен била во брак со телевизискиот продуцент Кевин Милер, со кого била од 2002 година. Но, двојката се развела во 2014 година, година дена откако на свет стигнала нивната ќерка Маделин.

Џенифер и Бен останале блиски во односите поради децата, кои Линдзи наводно сè уште ги нема запознаено.

 

 

Scroll to Top