Откако лани изјави дека се заљубила во Миконос, поп-пејачката Елена Ристеска и годинава летува на грчкиот остров. Таа на својот инстаграм-профил деновиве споделува фотографии од плажа на кои има убава фризура, црвен кармин, високи римјанки и накит, па преку социјалните мрежи ја прашаа дали отишла на летување за да плива или само да се слика на плажа. „Елена, како пливаш? Косата ја мокриш? Знаеш дека со шминка не се оди на плажа, нели?“ стои во коментар на Твитер.
Нејзините следбеници, пак, на Инстаграм не штедат комплименти. „Волшебни очи, шеќерни усни“, „Кукла од насловна страна“, „Врати се во Македонија убавице, не е сигурно таму, Грците војни почнуваат за Елена“ се дел од коментарите.
Пејачката лани на Миконос го сними спотот за песната „Текила и лимон“. Таа тогаш во интервју за „Репортер“ рече дека енергијата на островот одлично се вклопила во нејзината идеја за песната и дека за Миконос секогаш ќе ја врзуваат само убави спомени.