Две жени се степаа пред Фонтана ди Треви во Рим, оти двете сакале да се фотографираат од исто место покрај една од најпознатите туристички атракции во градот. 19-годишна Холанѓанка и 44-годишна Американска сакале да застанат на местото од каде што под убав агол се гледала фонтаната зад нив. Видеото од тепачката беше споделено на социјалните мрежи.
Двете жени најпрво се туркале за место на кое би направиле селфи фотографија, а на крајот се степале со шлаканици и со тупаници. Според полицијата, членови на семејствата на двете жени веднаш се вмешале во тепачката. Во полицискиот извештај стои дека вкупно осум лица, меѓу кои три малолетни девојки, биле вмешани во тепачката. Против дел од нив биле покренати обвиненија за насилство и закани. Повредените пријавиле само мали повреди и не побарале медицинска помош.