Клаудија Шифер, една од најголемите топ-модели во 90те години, откри кои се нејзините тајни за убавина. 47-годишната Германка вели дека не е потребно ништо посебно, но дека е важно секоја жена да се придржува до својата рутина.
Косата не смеете да ја пресушите
Јас сум од оние жени што сакаат да ја носат косата пуштена, но не сакам да биде премногу стилизирана. Затоа запирам со фенирање, кога е речиси влажна и ја оставам да се исуши сама. Тоа ја прави жива и не толку совршена. Покрај тоа, кога немате производ за стилизирање, најлесниот начин да додадете волумен во косата е да ја исчешлате со главата надолу и потоа да ги притиснете корените со преса за коса, за да го „запечатите“ кренатиот ефект.
Пиво за сјајна коса
Не е научно докажано и не можам да тврдам, ама некои луѓе велат дека пиењето на пиво ја прави косата сјајна и силна. Мојот начин е со користење серуми за коса, но и малку пиво не може да наштети.
Машки производи за убава кожа на лицето
Не е тајна дека многу мажи ги користат женските производи за нега на лицето, но јас често користам балсам за лице за мажи. Го користи барем два или три пати неделно, а потоа нанесува маска за да ја зголеми влажноста на кожата.