Најстарата ќерка на рускиот милијардер Владимир Потанин, Анастасија (34), се омажи за десет години помлад танчер.
Анастасија е наследничка на богатството на Владимир и во моментов е сопственичка на галерија за современа уметност во Москва. Нејзиниот сопруг Артем Круцхин се занимава со танцување.
Кариерата ја почнал кога имал само четири години. Како тинејџер станал и првенец во танц во светот. Во моментов работи како учител по танц и од час заработува 20 евра.
Владимир Потанин и неговата поранешна сопруга Наталија во моментов водат битка за поделба на имотот и богатството, чија вредност се проценува над 15 милијарди евра.
Двојката била во брак 30 години и има три деца. Се развеле во 2014 година откако тој се заљубил во својата 15 години помлада соработничка со која добил и вонбрачно дете.
Владимир е еден од најбогатите Руси и се смета за 56. најбогат човек во светот. Близок е и со претседателот Владимир Путин. Неговиот зет, кој се занимава со танц, држењето часови по танц го огласува преку интернет.
Малку детали ѝ се познати на јавноста за нивната луксузна свадба. Се знае само дека гостин била руската телевизиска ѕвезда Иван Ургант, а настапил и пејачот Леонид Агутин.