Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ќе игра во второто квалификациско коло на ЈуЕс опен во Њујорк, откако успеа да ја победи поранешната топ 30 тенисерка, Американката Лорен Дејвис. Лина губеше 1:0 во сетови, а победи со 2:1 (6:7(2)/7:5/6:3).
Ѓорческа во моментов е на 604. место на ВТА-листата. Таа во следното коло ќе игра против 21-годишната Хрватка, Јана Фет, која е 128. рангирана тенисерка на светот.