(Фото) Ким Кардашијан во танга стара 21 година

Ѕвездата на реалното шоу Ким Кардашијан (37) објави фотографија на која позира во танга од брендот на „Гучи“ стара 21 година. Обожавателите во коментарите се пошегуваа на нејзина сметка и коментираа дека не е в ред старлетата да носи парче долна облека што е постаро од нејзините деца.

„Јадна танга. Можеш и подобро од тоа. Ова е така лошо. Па каков пример им даваш на своите деца со вакви фотографии и стил на облекување“, биле дел од коментарите под фотографијата.

Оваа танга беше дел од „Гучи“ колекцијата што излезе во 1997 година. Сè уште се продава на интернет и достигнува цена до 1000 долари. Голем број  ѕвезди ја обожавале во тој период. Ова парче долна облека беше вистински хит на крајот на деведесеттите години.

 

 

 

Scroll to Top