Фолк-пејачката Татјана Лазаревска со своите следбеници на „Инстаграм“ сподели фотографија на која нема шминка. „Здраво. Фотографија од природа“ напиша таа на фотографијата што ја сподели неколку часа пред да тргне за Америка, каде што меѓу 25 август и 9 септември ќе одржи пет концерти во Чикаго.
Концертите се дел од собирот на православните македонски цркви во Америка и Канада, а оваа година се одржува во Чикаго, во црквата „Св. Кирил и Методиј“. Освен Татјана, на концертите ќе настапат и групата „Маестрал“ и Андреј Илиоски.