Поранешниот манекен и сопственик на модното студио „Црнокрак“, Мики Црнокрак, се пофали дека го запознал Жан Клод Ван Дам, еден од најпопуларните актери од акционите филмови. Мики и Жан Клод се фотографирани во дискотека во Кемер, Анталија, а сликата од средбата во клубот „Амара“ Мики ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.
„Во Кемер се одржува избор за Мис Фешн ТВ, а Жан Клод е специјален гостин на изборот и ќе биде жири во финалето. Се запознавме вчера на забавата за добредојде, седевме на исто сепаре цела вечер и разговаравме долго,“ рече Мики за „Репортер“.
Од пријателите доби комплименти дека е подобар од Ван Дам, некои го прашаа дали знае да направи шпага, други побараа да им донесе автограм од популарниот глумец, а некои се пошегуваа и му порачаа на Мики „да ги поздрави сите четворица со кои се сликал“.
„Побарав автограм, морав да го однесам на некои пријатели. Со автограмот има и слика, ја нацрта буквално за седум секунди“, додаде Мики.
(А.Ј)