Хрватскиот фудаблер Ведран Чорлука и неговата сопруга хрватската евровизиска претставничка Франка Бателиќ го прославија четвртиот роденден на нивниот миленик Оскар. По тој повод на своето куче му подготвија и торта со свеќи.
„Нашиот омилен смешко, нашиот најдобар пријател, цимер, нашата крзнена топка, најтврдоглавиот од сите – Оскар, среќен четврти роденден. Те сакаме Јапонец наш најсмешен“, напишала Франка на споделената фотографија.
Оскар потекнува од раса шиба ину, а Бранка и Чорлука во повеќе наврати изјавиле дека секогаш кога патуваат на далечни дестинации го носат со себе. Ведран дури има направено и тетоважа со неговиот лик.