Актерката Клер Дејнс и нејзиниот сопруг, британскиот глумец Хју Денси, станаа родители вторпат. Глумицата роди син, но засега не го откриваат неговото име. Дејнс и Денси го имаат петгодишниот син Сајрус. Двојката е во брак од 2009 година, а се запознаа три години претходно на снимањето на филмот „Вечер“.
Дејнс стана популарна со улогата на Анџела Чејс во серијата „Мојот таканаречен живот“, каде што глумеше со Џаред Лето. Таа е добитничка на наградите „Еми“ и „Златен глобус“. Хју, пак, е најпознат по улогата во серијата „Ханибал“.