Почина раперот Мек Милер

Американскиот рапер Мек Милер е пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес, Калифорнија, потврди семејството. Според американските медиуми, тој се предозирал со опојни супстанци. 25-годишниот рапер беше најпознат како поранешно момче на пејачката Аријана Гранде и по соработките со Кендрик Ламар.

„Тој беше светла точка во светот за нашето семејство, пријателите и фановите“, рекоа членовите на семејството во пишаното соопштение до медиумите.

Мек Милер (26) беше роден како Малколм Џејмс Мекормик. Последните десетина години беше еден од најуспешните независни артисти во хип-хоп индустријата, а неговото влијание се прошири и кон другите жанрови. Освен како рапер, Милер беше познат и како продуцент и соработуваше со имиња како Кендрик Ламар и Андерсон Паак. Неговиот последен албум, Swimming, излезе минатиот месец. Овој, како и претходниот албум The Divine Feminine, Мек Милер ги посвети на врската со пејачката Аријана Гранде.

Мек Милер отворено зборуваше за неговата навика за користење опојни супстанци. Овој август тој беше уапсен во Лос Анџелес зошто возел под дејство на дрога.

 

Scroll to Top