Поп-ѕвездата Селена Гомез пред неколку дена ја посети Софија, Бугарија. Таа на својот инстаграм-профил објави слики и видеа од посетата на ромско маало во главниот град на Бугарија и напипа „Како живеат Ромите во Софија“. Посетата на Балканот е дел од нејзиниот хуманитарен проект со меѓународната невладина организација „А21“.
Пејачката ги посети домовите на неколку семејства и разговараше со нив за најголемите проблеми со кои се соочуваат во нивниот секојдневен живот.
„Ова се неколку слики направени во текот на мојата работа со А21… Ги сакам луѓето до месечината и назад, сакам да помагам кога можам“, напиша таа покрај објавените слики и видеа направени во домовите, ама и на улиците на ромското гето во Софија.