Џејмс Гандолфини морал да се здебели за улогата на Сопрано

Поранешниот холивудски актер Џејмс Гандолфини, кој почина во 2013 година, морал да ги врати изгубените килограми за улогата во серијата „Семејството Сопрано“.

Актерот претходно за улогата во филмот „Мексиканец“ ослабнал 15 килограми, а веднаш по завршувањето со снимање на филмот морал да ја надомести килажата за да глуми во серијата „Семејството Сопрано“. На продуцентите не им се допаднала идејата мафијашкиот шеф Тони Сопрано да биде слаб.

Колегите го опишуваат како „нежна ѕвезда“ и велат дека бил далеку од ликот на Сопрано, кој го глумеше низа години. Џејмс себеси се опишал како Вуди Ален од 117 килограми, повлечен и несклон кон слава.

Гандолфини, доколку беше жив, ќе имаше 57 години. Тој почина во 2013 година од срцев удар, додека работеше на снимањето на филмот „Капка“.

Џејмс е роден во Њу Џерси, а во средношколските денови глумел во бројни претстави. Потоа заминал на студии по комуникации на Универзитетот Руџерс. Својата професионална актерска кариера ја има почнато во Њујорк, а своето деби го имал на „Бродвеј“ во 1992 година, во претставата „Трамвајот наречен копнеж“.

На големите и малите екрани е присутен од 1987 година. Во светот стана познат дури во 1999 година кога за првпат се појави во улогата на мафијашкиот шеф Тони Сапрано. За оваа улога, Џејмс освои три награди „Еми“ за најдобар драмски актер, во 2000, 2001 и 2003 година. Исто така, има добиено „Златен глобус“ за најдобар драмски актер во телевизиска серија.

По успехот на „Семејството Собрано“, чие прикажување заврши во 2007 година, Џејмс продолжи да ниже успеси на филмските проекти како што се Тhe Loop и The Talking Pelham 123.

Џејмс беше актерски камелеон. Со Роберт Редфорд глумеше во воениот трилер „Последната битка“. Ја имаше главната улога со Сусан Саранда во „Љубов и цигари“, а со Џон Траволта, со кого приватно бил добар пријател, глумеше заедно во пет филмови.

Актерот своето богатство, кое се проценува на 70 милиони долари, го остави на своето семејство и пријателите.

Најголемиот дел од богатството му припадна на неговиот син Михаел (18), кого го има од првиот брак со сопругата Дебора Лин, и на неговата ќерка Лилиан (5). Кога Лилиан ќе наполни 25 години, ќе го поделат богатството од нивниот покоен татко што го има во Италија. На секој од нив Џејмс им оставил по половина милион долари. На своите пријатели им оставил по 200 000 долари.

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top