Судот ја отфрли жалбата на француското списание Closer, чии уредници, новинари и фотографи се осудени на голема парична казна поради објавените фотографии на Кејт Мидлтон.
На овие фотографиите се гледа војвотката од Кембриџ во топлес издание.
Судот во Версај ја потврди пресудата изречена за главните уредници на весникот и директорот на „Мондадари групата“, во чија сопственост е Closer. Одговорните за инцидентот мораат да платат по 45 000 евра.
Двајцата фотографи исто така се казнети со по 10 000 евра казна, иако половината од казната е условна.
Судот исто така потврди дека четворицата обвинети мораат да платат вкупно 100 000 евра оштета на Кејт и нејзиниот сопруг принцот Вилијам.
Closer во септември 2012 година објави фотографии на кои е прикажана Кејт и Вилијам како се сончаат на балкон во нивниот луксузен имот во Луберон на југот од Франција. Војвотката на фотографиите е топлес, а набрзо по објавените фотографии кралското семејство се избори за забрана за доближување на папараците, а потоа следеше и тужба до весникот.